ПРОИЗВОДСТВО НА ДРВЕНИ БУРИЊА

Процеси на производство на дабови барик буриња:

ПОДГОТОВКА НА ГРАЃА ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА БУРИЊА

За секој наш производ, барик буре или дрвено буре со други димензии, приказната почнува уште во стогодишната дабова шума. За производство на барик буриња и изработка на дрвени садеви користиме внимателно одбран даб китњак.

В првиот процес на производство на дрвени буриња и барик буриња се врше бирање и сечење на стаблата и тоа само во фаза на мирување на соковите  во стаблата: ноември, декември, јануари.