Во следната фаза на производство на бари буриња даските се затоплуваат на оѓинот и им се ставаат обрачите и после тоа бурето го добива својот конечен облик. Така обликуваното буре на оѓинот продолжува со фазата горење.
Процесот на горење на барик буриња е најважниот процес во фазата на производството затоа што од горењето зависи квалитетот на барик виното.
Во зависност од побарувачката на купците, вршиме три нивоа на горење (тостирање) на дрвени барик буриња кои најмногу влијаат на аромата на виното и ракијата: лесно (light), средно (medium), силно горење (heavy).
Горењето се контролира со ласерски мерач на температура на тостирање. Покрај горењето на даските, процесот горење се применува и на страниците на садевите (дно).