slajd3

Производство на дабови буриња:

Барик буриња

Буриња за вино

Буриња за ракија

Дрвени садеви

slajd4

Барик буре не е само буре!

slajd2

Дрвени буриња од 50 до 5000 литри

slajd1

Дабови барик буриња со врвен квалитет

Дабови барик буриња

Производство на дрвени барик буриња со искуство и традиција уште од 19. век, барик буриња со врвен квалитет, бочви за вино и дрвени садеви.

Политика на квалитетот

Со имплементација на системот за квалитет по меѓународен стандард ИСО 9001:2008, квалитетот на нашиот бизнис го креваме на повисоко ниво.

Работна политика

Нашиот примарен интерес е квалитет на производство на дрвени буриња и задоволство на нашите купци.

Дабово барик буре

Производство на дабови барик буриња

Одлични познавачи на вино немаат сомневање дека најквалитетно вино е баш виното од барик буриња. Са својот облик и волумен од 225 литара дабовите барик буриња даваат вино са единствен вкус и врвен квалитет.

Димензии на барик буриња :
Должина : 95cm
Најголем пречник (ширина): 68cm
Пречник на дното : 57cm

За разни врсти на барик вино произведуваме барик буриња со различни степени на горење :
-лесно горење
-средно горење
-тешко горење

ЗА НАС

Фабрика за производство на дрвени буриња

Барик 1873 е фабрика која се наоѓа во селото Велика Дренова во близината на Трстеник и се занимава со производство на дрвени буриња од 50 до 5000 литара а како посебен производ се издвојува дабово барик буре.

Своите корени се врзани за втората половина на 19. век, поточно 1873 година. Искуството од работилницата е пренесувано Прочитај повеќе …

НАШ АСОРТИМАН НА ПРОИЗВОДИ

Дабови буриња од 50 до 5000 литара

  • БАРИК БУРИЊА

    Дабови барик буриња волумен 225 литара

  • БУРИЊА ЗА ВИНО

    Дабови буриња за вино волумен од 50 и повеќе

  • БУРИЊА ЗА РАКИЈУ

    Дабови буриња за ракију волумен од 50 литара и повеќе

  • БОЧВИ ЗА ВИНО

    Дабови бочви за вино од 5000 литара

  • БОЧВИ ЗА РАКИЈА

    Дабови бочви за ракија волумен од 5000 литара

  • ДРВЕНИ САДЕВИ

    Дабови садеви разни облици и димензии

КАТАЛОГ НА ПРОИЗВОДИ:

Дабови буриња за ракија и вино од 50 до 5000 литара

ПРОИЗВОДСТВО НА ДРВЕНИ БУРИЊА

Процеси на производство на дабови барик буриња:

  • ПОДГОТОВКА НА ГРАЃА ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА БУРИЊА

    За секој наш производ, барик буре или дрвено буре со други димензии, приказната почнува уште во стогодишната дабова шума. За производство на барик буриња и изработка на дрвени садеви користиме внимателно одбран даб китњак.

    В првиот процес на производство на дрвени буриња и барик буриња се врше бирање и сечење на стаблата и тоа само во фаза на мирување на соковите  во стаблата: ноември, декември, јануари.

  • СЕЧЕЊЕ ИЛИ ЦЕПАЊЕ НА ОБЛОТО

    Наредната фаза во производството е специфичо стружење на облото по радијален рез или цепање на облото. Така подготвените даски, со друго име ламели, се пакуваат во бунтови то ест такоречено витло, кое е спремно за наредната фаза сушење на граѓата.

  • СУШЕЊЕ НА ГРАЃАТА

    Во следниот процес на производство на барик буриња подготвените даски ги подложуваме на природно стареење во сите временски услови (дожд, сонце, снег…) најмалку  3 години.

    Во летните месеци задолжително се врши попрскување на подготвената граѓа со распрскувачи и на тој начин ги миеме танините од дрвото.

    Дури после од 3 до 5 години во зависност од дебелината на даските, така одржаната граѓа влегува во фабриката и подготвена е за производство на барик буриња или дрвени бочви.

  • ПОДГОТОВКА НА ДАСКИТЕ

    Во зависност од побарувачката на клиентите пристапуваме со процесот на рачна или машинска обработка на даски.

    Рачна обработка подразбира користење на традиционален бочварски алат во процесот на обработка на ламели односно даски.

    Машинска обработка се врши ЦНЦ машините, што овозможува зголемување на волуменот на производството на барик буриња.

  • СКЛОПУВАЊЕ НА ДАСКИ

    Во наредната фаза на производство на барик буриња обработените даски се склопуваат односно се денат на обрач. После оваа фаза од склопените ламели по прв пат може да се виде изглед на бурето кое е спремно за фазата горење.

  • ВИТКАЊЕ НА ДАСКИ И ГОРЕЊЕ

    Во следната фаза на производство на бари буриња даските се затоплуваат на оѓинот и им се ставаат обрачите и после тоа бурето го добива својот конечен облик. Така обликуваното буре на оѓинот продолжува со фазата горење.

    Процесот на горење на барик буриња е најважниот процес во фазата на производството затоа што од горењето зависи квалитетот на барик виното.

    Во зависност од побарувачката на купците, вршиме три нивоа на горење (тостирање) на дрвени барик буриња кои најмногу влијаат на аромата на виното и ракијата: лесно (light), средно (medium), силно горење (heavy).

    Горењето се контролира со ласерски мерач на температура на тостирање. Покрај горењето на даските, процесот горење се применува и на страниците на садевите (дно).

  • ФИНАЛНА ОБРАБОТКА

    Последна фаза во процесот на производството на барик буриња е брусење и финална обработка после коа готовиот производ е спремен да се спакува во заштитна амбалажа.

    По желба на купците нашите производи (барик буриња, бочви за вино и други дрвени садеви) ги фарбаме и лакираме. Исто така на дното на барик бурињата се вршиме ласерско гравирање на лого, име на винарија или желен текст.